ДЗС: 91.2 % од домаќинствата имале пристап на интернет од дома

Во истото тримесечје, 79.1 % од вкупното население на возраст од 15 до 74 години користеле интернет неколкупати во текот на денот.

од Vladimir Zorba
14 прегледи

Како што објави Државниот завод за статистика во првото тримесечје од 2025 година, 92.1 % од вкупното население на возраст од 15 до 74 години користеле интернет.

Во првото тримесечје од 2025 година, 91.2 % од домаќинствата имале пристап на интернет од дома.

Во истото тримесечје, 79.1 % од вкупното население на возраст од 15 до 74 години користеле интернет неколкупати во текот на денот.

60.3 % од лицата нарачале/купиле стоки или услуги преку интернет во последните 12 месеци.