ДЗС ги објави податоците за исплатената нето-плата во ноември

од Nikola Popovski
294 прегледи

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ноември 2024 година, во однос на ноември 2023 година, изнесува 109.5.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (15.3 %), Транспорт и складирање (12.7 %) и Преработувачка индустрија (11.2 %).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (8.0 %), Дејности во врска со недвижен имот (5.9 %) и Земјоделство, шумарство и рибарство (2.6 %).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2024 година, изнесува 41 999 денари.

Слични содржини