ДЗС: Најмногу туристи од Турција и Германија во ноември 2025 година

Според податоците објавени од Државниот завод за статистика во ноември 2025 година 77. 570 туристи оствариле 146 605 ноќевања во земјава.

од Vladimir Zorba
12 прегледи Фото: Локално

Според податоците објавени од Државниот завод за статистика во ноември 2025 година 77. 570 туристи оствариле 146 605 ноќевања во земјава.

Во ноември 2025 година, од вкупниот број туристи, 25.7 % се домашни, а 74.3 % се странски туристи.

Бројот на ноќевањата во ноември 2025 година изнесува 146 605, од кои 33.9 % се од домашните туристи, а 66.1 % од странските туристи.

Во периодот јануари – ноември 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 6.0 %, со тоа што кај домашните туристи има намалување за 2.5 %, а кај странските има зголемување за 10.3 %.

Вкупниот број на ноќевањата во периодот јануари – ноември 2025 година, во однос на истиот период од претходната година е зголемен за 0.8 % така што кај домашните туристи има намалување за 4.3 %, а кај странските има зголемување за 6.9 %.

Земји од кои дошле најмногу странски туристи во ноември 2025 година:

* 12.401 од Турција
* 11.812 од Германија
* 3.793 од Србија
* 3.506 од Грција