Вкупната бруто-произведена електрична енергија во ноември 2025 година изнесува 515 076 МWh, што претставува 85.4 % од бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, соопштија од Државниот завод за статистика.
Во ноември 2025 година, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува:
602 989 МWh електрична енергија, 38.908 мил. нм3 природен гас, 284 700 тони јаглен и 94 077 тони нафтени продукти.
Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 85.4 % во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 98.3 % од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.
Во ноември 2025 година во однос на ноември 2024 година:
* Потрошувачката на природен гас е намалена за 6.1 % како резултат на намалената активност на когенеративните постројки
* Потрошувачката на нафтени продукти е намалена за 9.5 %