ДЗС објасни што треба да направат попишувачите доколку не го пронајдат домаќинството на дадената адреса

од Берта Китинска

Доколку попишувачот не го пронајде семејството во домот должен е да остави известување, вели Јасмина Ѓоргиева од Државниот завод за статистика во емисијата „Ја сакам Македонија“.

-Во овие случаеви доколку попишувачот не пронајде во домот некој од членовите  на домаќинството тој е должен да остави известување во кое треба да најави датум и час кога повторно би се вратил. Во овој случај тие имаат обврска да доаѓаат неколку пати. Ако покрај две, три известувања не го пронајдат семејството тогаш треба попишувачот да побара помош од локалното населени со цел да се дознае дали во оваа  стамбена единица воопшто живее некој, објасни Ѓоргиева.

Слични содржини