ДЗС објави бројки: Еве колку граѓани се невработени во моментот

Од вкупниот број на невработени, мажи се 65.5 %, а жени 34.5 %

од Nikola Popovski
28 прегледи

Бројот на невработени лица во второто тримесечје од 2025 година е намален за 1.3 % во споредба со првото тримесечје од 2025 година, додека за 7.2 % е намален во споредба со истото тримесечје од минатата година, oбјави Државниот завод за статистика.

Од вкупниот број на невработените лица, невработени мажи се 65.5 %, а жени 34.5 %. Бројот на вработени лица бележи намалување од 0.1 %. Од вкупниот број вработени, 57.2 % се мажи, а 42.8 % се жени. Учеството на неформалната вработеност се зголемува.

Неформално вработени лица се 98 095, што е за 8.5 % повеќе од претходното тримесечје. Најголем број неформално вработени лица, 51.4 %, има во секторот Земјоделство, шумарство и рибарство и 17.1 % во секторот Градежништво.

Во моментов во земјава, од активното население сочинето од 792 746 лица, вработени се 701 369 лица, додека невработени се 91 377 лица.