Продажните цени на производителите на индустриски производи во февруари годинава се пониски за еден отсто на месечно ниво, а за 3,3 отсто на годишно ниво.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во споредба со претходниот месец продажните цени, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 9,7 проценти, а во секторите Преработувачка индустрија и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,2 процента. Во споредба со истиот месец од минатата година се повисоки во секторите Рударство и вадење на камен за 2,9 отсто и во Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 5 отсто, а се пониски во секторот Преработувачка индустрија за 4,4 отсто./МИА
