ДЗС регистрира скок на цените на мало за 3%

од Nikola Popovski
22 прегледи

Државниот завод за статистика објави дека инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во август 2024 година, во однос на јули 2024 година, изнесува 0.5 %.

Зголемувањето на инфлацијата во август 2024 година, во однос на јули 2024 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: храна и безалкохолни пијалаци за 1.2 %, рекреација и култура за 1.1 %, здравје за 0.8 %, ресторани и хотели за 0.7 %, домување, вода, електрика, гас и други горива за 0.6 %, мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата, комуникации за 0.5 %, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0.1 %.

Во август 2024 година, во однос на јули 2024 година, намалување на трошоците на животот е забележано во следните групи: транспорт за 2.2 %, облека и обувки, разновидни стоки и услуги за 0.3 %.

Трошоците на животот во групата образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.

Индексот на цените на мало во август 2024 година, во однос на јули 2024 година, изнесува 100.5.

Индексот на трошоците на животот во август 2024 година, во однос на август 2023 година, бележи зголемување од 2.2 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 3.0 %.

Слични содржини