Ѕвезда на Милан „плукаше“ по градоначалник: Ми ја наруши приватноста…

од Nikola Popovski
33 прегледи

Напаѓачот на Милан, Алваро Мората одлучи да го пресели своето семејство од Корбете, град во близина на Милано, бидејќи чувствува дека градоначалникот му ја нарушил приватноста.

На оваа одлука се одлучи откако градоначалникот на Корбете, Марко Баларини на социјалните мрежи ја објави веста за преселбата на Мората во нивниот град кој има околу 18 илјади жители.

Баларини, кој има повеќе од 20.000 следбеници на Инстаграм, очигледно мислел дека информацијата ќе ги забавува неговите следбеници. Сепак, се случило спротивното, а капитенот на шпанската репрезентација решил  веднаш да се пресели. Мората брзо реагирал на социјалните мрежи и објавил:

„Почитуван градоначалник, ти благодарам што ја наруши мојата приватност. За среќа, немам скапоцености во оваа куќа. Веќе ја немам и сигурноста што ја имав претходно. Мислев дека Корбете ќе ми даде приватност, но принуден сум да се преселам затоа што не знаете како да ги користите социјалните мрежи за да ги заштитите вашите граѓани“.

Алваро Мората (31) летово му се приклучи на Милан, откако беше капитен на Шпанија до титулата на Европското првенство. Во досегашните шест натпревари оваа сезона постигна два гола. Неговата кариера е обележана со играње во големи клубови како Реал Мадрид, Јувентус и Атлетико Мадрид.

Мората може да се пофали со импресивна колекција на трофеи. Со Реал двапати ја освои Лигата на шампионите и шпанското првенство, додека со Јувентус два пати беше шампион на Италија и освои три Купа на Италија. На репрезентативно ниво, покрај ЕП, со репрезентацијата ја освои и Лигата на нации, а во помладите категории три пати беше европски првак.

Слични содржини