Ѕвездата на Jurassic Park непрепознатлива, ракот го уништува: „Исцрпувачки е, многу депресивно“

од Stefanija Kuzmanovska

Ѕвездата на Jurassic Park, Сем Нил (76) откри каква порака им подготвил на своите деца во случај да му останат само уште неколку месеци живот. Имено, филмската ѕвезда ја сподели својата потресна дијагноза на рак на крвта во третата фаза.

76-годишната ѕвезда откри дека почнал да планира што да му каже на својот син Тим, ќерката Елена и внуците откако му бил дијагностициран не-Хочкинов лимфом.

„Не знаев колку долго ќе можам да живеам. Затоа мислев дека веројатно би требало да им напишам нешто на моите деца и внуци бидејќи можеби нема да бидам тука за неколку месеци. Би било добро да имаат нешто мое, како и некои работи кои ги направив“, порача актерот.

Тој исто така откри дека почнал да зема нов експериментален лек за борба против ангиоимунобластичен Т-клеточен лимфом откако хемотерапијата не успеала.

И покрај ветувачките вести, Нил знае дека тоа нема да трае вечно. Лекарите му рекле дека еден ден лекот ќе престане да делува, за што тој рекол дека е „подготвен“.

„Во никој случај не се плашам од смртта. Тоа не ме загрижува. На почетокот не ме загрижуваше, туку ме нервираше. Би се изнервирал бидејќи има работи кои сè уште сакам да ги правам. Умирањето е многу иритантно. Но, не се плашам од него“, додаде тој.

Нил рече дека дознал дека има рак минатата година за време на неговото прво патување во Нов Зеланд, по двегодишен карантин што му оневозможило да се врати дома и да се сретне со семејството. Неговиот син Тим изјави за Australian Story дека едвај еден час по враќањето на татко му во Нов Зеланд, лекар му се јавил со страшната вест.

„Кога ја спушти слушалката и кога седнавме, плачевме малку заедно. Тоа требаше да биде среќен ден. Не успеа да остане таков“, рекол Тим.

 

„Бев во вистинска борба за мојот живот. Сето тоа беше нов живот за мене, како и прилично алармантен свет. Пред мене беа три или четири месеци хемотерапија, кои беа брутални“, додал Сем.

Тим отишол да го посети својот татко додека бил на хемотерапија и се шокирал кога видел колку е слаб.

„Бев шокиран, се скршив и едвај го прегрнав. Беше само кожа и коски. А потоа се вознемири што се нервирам поради тоа и ми рече дека го стресувам“, рече Тим.

И токму кога помислиле дека здравјето на Нил може да се подобри, добил уште полоша вест – ракот се вратил и овој пат бил посериозен. На крајот, му бил понуден експериментален лек против рак, кој, за среќа, почнал да делува. Тој е во ремисија веќе 12 месеци, но признава дека е „подготвен“ за тоа дека во одреден момент лекот ќе престане да делува.

„Знам дека имам рак, но навистина не ми е гајле. Тоа е надвор од моја контрола. Ако не можете да го контролирате, немојте ни да се замарате со тоа“, рекол актерот за својата болест.

Нил сега прима инфузии на секои две недели и ќе го прави тоа до крајот на животот или додека лекот не престане да делува.

„Исцрпувачки е, многу темно и депресивно“, открива тој.

Нил ја откри веста за својата болест за првпат во своите мемоари, каде веќе во првото поглавје напиша дека „најверојатно умира“.

Нил откри за Би-Би-Си дека почнал да ги пишува своите мемоари за да се одвлече од својата болест и да си даде причина да го преброди денот. Книгата се осврнува на 50-годишната кариера на новозеландскиот актер, како и на неговата ненадејна болест.

Слични содржини