1,4K
Еден од најдобрите играчи на Кристал Палас – Михаел Олисе, избра да се пресели во Баерн (Минхен), тврди „Атлетик“. 22-годишниот крилен напаѓач има откупна клаузула од околу 60 милиони фунти.
Во битка за неговиот потпис беа Челси и Њукасл кои откажаа да ја платат таа сума.
Кристал Палас не се откажува од обидите да го задржи и неодамна му понуди нов договор со ветување дека ќе го продаде следното лето. Сепак, играчот е подготвен за нов чекор во кариерата и најверојатно ќе си замине во летниот преоден рок.
„Орлите“ веќе ја прифатиле понудата на Баерн, а според некои играчот се согласил со условите што ги понудиле Баварците.