Ѕвездата на Манчестер Јунајтед потврди: Кога ќе заминам, ќе биде без лутина…

од Vladimir Zorba
20 прегледи

Ситуацијата на „Олд Трафорд“ е многу тензична, особено откако тренерот Рубен Аморим јасно му покажа на Маркус Рашфорд дека повеќе не смета на него, откако воопшто не беше во составот за неделното градско дерби во кое Јунајтед го победи омразениот Сити со 2:1.

После се, се огласи самиот Рашфорд, дете на Манчестер Јунајтед, каде помина повеќе од 20 години и беше „програмиран“ како една од новите ѕвезди на „црвените ѓаволи“. Но, се чини дека дојде време да се збогување.

„Што се однесува до мене лично, мислам дека сум подготвен за нови предизвици и за следните чекори“, рече Рашфорд и додаде: „Кога ќе заминам, ќе биде „без лутина“. Нема да имам негативни коментари за Манчестер Јунајтед. Тоа сум јас како личност. Кога ќе заминам ќе дадам изјава и тоа ќе биде од мене. Секогаш ќе бидам „црвен“ од срце, тоа е 100% сигурно“.

Рашфорд се осврна и за тоа што беше изоставен од дербито и призна дека тоа било обесхрабрувачки за него …

„Се случи, го добивме натпреварот и ќе продолжиме понатаму. Тоа е разочарувачки, но како што стареев, научив да се справувам со неуспехот. Што треба да направам? Да седнам и плачам за тоа… или да дадам се од себе следниот пат кога ќе бидам на располагање“

На неговите реагираше и тренерот на Јунајтед, Рубен Аморим.

„Дали разговарав со Маркус Рашфорд? Сè уште не. Му дадов слободен ден како и на другите момци, тој е наш играч и подготвен е за следниот натпревар“, изјави Аморим и додаде: „Тој е голем талент, но ни треба само ако сака да настапи на највисоко ниво и тоа е мојот фокус. Само сакам да му помогнам на Маркус и тоа е голем предизвик во моментов“

Англиските медиуми тврдат дека за Рашфорд интерес покажале ПСЖ и Барселона, но тој не сака да замине во странство и е најблиску до преселба во Њукасл, кој е подготвен да плати 50 милиони евра обештетување.

Но, Јунајтед наводно добил повеќе од дарежлива понуда од Саудиска Арабија за Рашфорд, многу повисока од бараните 50 милиони …

Слични содржини