71
Шпанскиот весник Fichajes објави дека Илкај Гундоган (34) размислува за „шокантен трансфер“.
Играчот од средниот ред на Манчестер Сити, според пишувањата на медиумите, размислува да ја напушти Англија, а како можна следна дестинација се споменува турски Галатасарај, кој Шпанците го сметаат за изненадување.
Иако не е невообичаено искусните играчи да се одлучат да ја продолжат кариерата во турските гиганти, сепак ваквиот потег би бил неочекуван за Гундоган, кој сепак има што да понуди на највисокото ниво на европскиот фудбал.
„Трансфермаркт“ неговата вредност ја проценува на 10 милиони евра.
Покрај Сити, Гундоган играше и за Барселона и Борусија Дортмунд.