Е-фактура, новина на УЈП за модернизација и намалување на фиктивни фактури

од Stefanija Kuzmanovska
234 прегледи

„Е-фактура“ е проект со кој УЈП ќе прави модернизација на процесот на факутрирање за компаниите и бизнисите и со кој ќе се бори против сивата економија со намалување на бројот на фиктивни фактури.

Ова го најави директорката на УЈП, Сања Лукаревска во нејзиното гостување во „10 минути“ на ТВ21.

„Идната година започнуваме со имплементација на проектот за ‘е-фактура’. Со оваа фактура ќе се намали можноста за фиктивни фактури и ќе овозможиме дигитализација за компаниите при доставувањето, приемот и обработка бидејќи се ќе оди електронски“, рече Лукаревска.

Таа кажа дека во понеделник претставници од УЈП ќе одат во Србија, каде што од тамошната даночна управа ќе ги слушнат искуствата од нивното имплементирање на овој проект, бидејќи таму веќе носи резултати.

„Веќе сме влезени во фаза на имплементација и во моментов ги подготвуваме софтверските и хардверските решенија. Скамае да го направиме процесот да оди побрзо, за да може да се испрати тест верзија до сите чинители во бизнис заедницата, за да спречиме идни грешки“, додаде Лукаревска.

Слични содржини