Е сега ли полемиката и стратегијата за референдумот за ГТЦ ?!

од Vladimir Zorba
143 прегледи

И откако пропадна референдумот, сега сите знаат зошто пропадна и сега ете ги силните анализи од СДСМ- овците, нормално на сонце со есспресо, а до вчера  сите еуфорично  врескаа ќе ги згазиме. Сега сите знаат дека другиот утнал ама никако дека и тој  утнал.. Организаторите треба да се прашаат зошто не ги анализираа бројките, кои беа на располагање цела година две… пред референдумот.Со ваков избирачки список победува само Власта и точка.   Па нели и СДСМ не сака на избори со ваков избирачки список затоа што така победува само ВМРО ДПМНЕ, а Жерновки и свитата тоа зарем не го знаеја?  Е сега како и што почна тера дебатата од каде и што почна инсирацијата за референдумот, со лајкови и шерови . Се разбира на Фејсбук,  е  кој  прв почна, и не е важно сега сите велат дека е утка на другиот. Сега сите се ѕверат во телефоните на Фејсбук и си препраќаат, како другиот е крив, и  него не го прашале,  ама он знаел.

gtc06dz9

Уште за време на гласањето некаде на средината на денот Ивор Мицковки на Фејсбук постираше:

Како што гледам излезноста за ГТЦ не е сјајна, но и покрај тоа сакам да верувам дека оваа битка ќе се освои. Ако има излезност, нема сомнежи во резултатот. Но, и таква победа, нужно не потсетува дека се мачиме на прашање кое стана политичко и егзистенцијално, кое доби енормна популарност, за што огромен број на луѓе, не само докажани активисти, потрошија големи енергии и ресурси.

Центар е лакмус за цела Македонија. Ако во таа средина се мачиме, тогаш низ Македонија и другите општини сме парам парче. Ваквите состојби бараат преиспитување на севкупното опозициско дејствување и стратегија, ако така може да се нарече. Ситните протести, локалните теми се важни, но окрупнувањето и обединувањето недостасуваат и понатаму.

Каков и да биде исходот, треба уште еднаш да ставиме прст на чело и да си ги потчукнеме главите…

gero-kolumna

Потоа откако заврши гласањето и се виде, Бранко Героски во својата колумна жестоко распали на својот портал Плусинфо.

-Да се разбереме добро. И јас сум зависник од Фејсбук. И јас сакам лајкови и шерови. И Твитер ми е забавен. И јас сакам ивенти. Оние гушкања за ГТЦ беа забавни. Сето тоа е убаво и потребно. И симпатично. Но, тој што помислил дека така се прави кампања за референдум или за избори, тој нема поим што е политика! Да бидам искрен, мене работава ми изгледаше вака – седнале деца на Фејсбук и си играат политика. Без митинзи и масовни собири со граѓаните, без жешки говори, без одење од врата на врата (конкретно, на вратите на 40.000 избирачи), без макотрпна работа на терен 24 часа дневно, конечно без обмислена и сериозна медиумска кампања, нема успех на избори, напиша Героски.

На ваквите ставови на Героски се спротивстави првиот човек на агенцијата „Рејтинг“ Ѓорѓи Спасов, му порача на колумнистот Героски дека апсолутно не бил во право, односно новинарот бил “опседнат со силата на бојкотот“.

spasov

-Можеби ти знаеш да организираш во вакви услови многу подобри кампањи, и тоа не е лошо да го покажеш во некоја наредна прилика, кога ќе оцениш дека се создадени услови не само за бојкот туку и за избори. За разлика од тебе јас мислам дека референдумот беше една конечно нормална работа во услови на општа ненормалност, напиша Спасов, по што Героски возврати:

geros

-Што се однесува до “модерната кампања”, предложете им ваква кампања на СДСМ и на следните избори. Тие умираат од желба да изгубат, ама да бидат и “модерни” и “морални победници”, напиша Героски.

По ваквата преписка на опозициските експоненти со свој коментар се јави и претседателот на СДСМ, Зоран Заев, кој  својот пост претходно напишан, им го шерна во полемиката:

zoki

 

-Немојте да бидете храбри борци кои при првата помисла дека непријателот против кој се бориме ќе искористи наш половичен успех или неуспех … веднаш почнуваме да бараме кој тоа е виновен.Комплимент за сите што гласаа .. нема овде виновни, напиша Заев.

Героски му порача на Заев дека од иницијаторите на референдумот  не очекува фалбаџиство какво што чита, туку реална анализа и самокритика.

– Како лидер на опозицијата можеби имате обврска да настапите со вакви оценки, но морам да ви кажам дека не ме импресионира вашето ласкање, напиша Героски.

odgovor-gero

Референдумот за ГТЦ е неуспешен, затоа што ја нема потребната излезност за законскиот цензус од 50%. Според информациите кои ги потврдија од ДИК и од општина Центар, вчера во општината на гласање излегле 40.5% од запишаните гласачи во општината, односно недостигаат околу 10% за референдумот  да биде успешен, без оглед на тоа што  96 % од тие кои гласале  биле ЗА, меѓутоа недостасуваа гласовите на ВМРО ДПМНЕ чии гласачи го бојкотираа референдумот.

А за полемиката, или некогаш за победа, веројатно наместо полемика на Фејсбук, поупатно е пред да се организира што е да е , пред тоа да се води дебатата. Да се проанализира каде може да се згреши, кои се можностите и кои се бројките, и секако НЕ на фејсбук,  туку аналитично и без лајкови и публика, да се сработи,  па после есспресо и сонце на улица Македонија.