
Ле Пен ја нарече ЕУ неуспех, кој ја осакатил Франција.
Францускиот политичар исто така, рече дека ќе ги повика Французите да гласаат на референдум “за повлекување од овој кошмар”.
Кандидатот за претседател ја стави под прашање и улогата на Франција во воениот сојуз НАТО.
Ле Пен ја осуди глобализацијата, велејќи дека не е едноставна глобализација на финансискиот свет, но исто така и “глобализација одоздола, преку масовна имиграција”.
“Не сакаме да живееме под јаремот и заканата од исламски фундаментализам”, категоричен беше лидерот на француската националистичка партија “Национален фронт”.