ЕБОР го назначи Фатих Туркменоглу за нов претставник во С.Македонија

од Nikola Popovski
198 прегледи

Од ЕБОР информираат дека Туркменоглу е со турска националност, и на Банката и се приклучил во 2012 година како Главен Банкар во тимот за Општинска и еколошка инфраструктура, во Истанбул, Турција. Во 2018 година е унапреден во Помошник Директор, Постар Банкар. Следната година е назаначен за Претставник на Резидентната канцеларија во Туркменистан, каде воглавно работел на проекти од приватниот сектор.

 –Тој е искусен меѓународен банкарски професионалец, со богато искуство во инфраструктурно и комерцијално банкарство. Во неговата кариера, специјализирал во имплементација на проекти, меѓугранично финансирање, правни рамки и односи со донаторите. Пред да се приклучи на ЕБОР во 2012 година, има работно искуство во јавниот сектор и комерцијалното банкарство.

Господин Туркменоглу планира дека ЕБОР во Северна Македонија ќе инвестира ЕУР 180 милиони во 2023 година. Тој изјави: ,,Се радувам на соработката со властите и приватниот сектор, во овој возбудлив период на ЕБОР во Северна Македонија. Посветени сме на поддршката на зелената транзиција на земјата, преку иновативни финансиски производи и со извонредни одржливи проекти кои следат.”

Образованието на Господин Туркменоглу е во областа на економија и финансии од универзитетите во Турција и Велика Британија. На неговата нова позиција доаѓа после Анди Аранитаси, кој сега работи како Претставник на ЕБОР за Узбекистан.

ЕБОР почна да инвестира во Северна Македонија во 1993 година и до сега има инвестирано над ЕУР 2,6 милијарди во 180 проектиод кои скоро половина се во приватниот сектор. Приоритет на Банката е да ја поддржи земјата во конкурентност, зелена транзиција и натамошна интеграција во регионалните и глобалните пазари, стои во соопштението од ЕБОР.

Слични содржини