ЕБОР ќе ја поддржи С. Македонија во пристапот кон ЕУ со конкретни активности

од Vladimir Zorba
397 прегледи

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) нуди круцијална поддршка во критичен момент преку денешното потпишување на Меморандумот за разбирање со Владата на Северна Македонија , со кој ќе се поттикне пристапот на земјата кон Европската Унија (ЕУ).

Документот беше потпишан на виртуелната церемонија од страна на Претседателката на ЕБОР, Одил Рено-Басо и Премиерот на Република Северна Македонија, Зоран Заев.

Претседателката на ЕБОР Рено-Басо го поздрави потпишувањето изјавувајќи: ,,Охрабрени сме од чекорите кои Северна Македонија ги прави во нејзиното пристапување кон ЕУ, и ни претставува задоволство да ги поддржиме овие витални напори со нашиот придонес. Во овие времиња кои бараат поголем ангажман, поважно од било кога е со заеднички сили, не само да се справиме со моменталните предизвици, туку и да ги согледаме долгорочните цели на земјата.”

Во Меморандумот за разбирање, Банката изразува поддршка во сет мерки на политички ангажман, техничка помош и инвестиции, со цел да го задржи моментумот на приближување на земјата кон ЕУ.

Соработката помеѓу Северна Македонија и ЕБОР ќе се фокусира на три области: зајакнување на конкурентноста на приватниот сектор и инклузивен раст, на одржлива инфраструктура и транзиција кон зелена економија, вклучувајќи ги и приоритетите за регионална поврзаност и зајакнување на инвестициската клима и управување.

Владата ќе ги дефинира реформските области, инвестициските можности и ќе промовира активности од овој меморандум. ЕБОР ќе го поддржи развојот на домашните компании, преку финансирање и долгорочни советодавни услуги, зајакнување на конкурентноста преку поголем пристап до финансии и поддршка кон економската инклузивност, младите и оние од подалечните региони.

Банката ќе помогне во активностите на завршување на клучната транспортна инфраструктура, ќе промовира одржлива инфраструктура и поддршка на разновидна енергетска поддршка, со цел да се зајакне улогата на обновливите извори на енергија.

Владата на Северна Македонија и ЕБОР ќе соработуваат и во подобрување на инвестициската клима, промовирање на меѓуграничната трговија и инвестиции, како и соработка со претпријатијата во државна сопственост во енергија и инфраструктура, со цел да се подобри нивното корпоративно владеење.

ЕБОР е главниот институционален инвеститор во Северна Македонија. До денес има инвестирано над €2 милијарди во 136 проекти во земјата. Банката се фокусира во поддршка на интеграцијата на земјата во регионалните и глобалните пазари, особено во интензивирање на соработката со клучните партнери како што е Европската Унија и Европската Инвестициона Банка.

Слични содржини