Стабилните монети (stablecoin), дигитални токени чија вредност често е поврзана со традиционалните валути како што е доларот, претставуваат растечка закана за монетарниот суверенитет на Европа, изјави денес претставникот на Европската централна банка (ЕЦБ), Јирген Шаф.
Тој предупредува дека доминацијата на американскиот долар во секторот на стабилните монети ја поткопува позицијата на еврото и се заканува да го ослабне влијанието на Европската централна банка во водењето на монетарната политика.
„Луѓето и институциите сè повеќе ги користат стабилните монети за плаќања, складирање на вредност и порамнување на трансакции. Повеќето од нив се врзани за доларот – што значи дека сме сведоци на дигитална доларизација во реално време“, напиша Шаф.