Ед Ширан, Дуа Липа и Сем Смит со награди „Сребрен клуч“

од Vlatko K
177 прегледи

Ед Ширан, Дуа Липа и Сем Смит беа меѓу добитниците на наградите „Сребрен клуч“, поделени на
церемонија во „Граунер хаус“ во Лондон, пишува „Дејли мејл“.


На церемонијата Ширан беше почесен со награда за животно дело. Сем Смит и Дуа Липа ги добија
наградите соодветно за најдобар изведувач и најдобра изведувачка.

Меѓу останатите наградени се наредија Мјбел, „Блек ајд пис“, „Кемикал брадерс“, „Јирс енд Јирс“.

Освен што се наградуваат истакнати музичари, наградите „Сребрен клуч“ собиаат средства за
хуманитарната организација „Нордоф Робинс“, која обезбедува сесии по музичка терапија за
возрасни и деца.