Ед Ширан најавува дека ќе ја започне својата добро заслужена пауза од музиката и социјалните мрежи, по турнејата за албумот „Divide“.
Објавата на Инстаграм ја насловил со „BRB“ (ќе се вратам) и напиша:
„Здраво на сите. Одам на уште една пауза. Оваа ера ми го смени животот на многу начини, но време е да излезам слободен и да го видам светот“, најави тој.
Ширан на обожавателите им објасни дека сака послободно да дише, да патува, да чита и да пишува. Заедно со паузата од музиката, ќе се повлече и од социјалните мрежи до, како што вели, моментот кога ќе одлучи да се врати, односно кога ќе почувствува дека дошол вистинскиот момент.
Оваа пауза доаѓа веднаш по неговото прогласување за британски артист на деценијата, кој од 2010 до 2019 имал 12 број 1 албуми и синглови, што е повеќе од кој било британски музичар во историјата.