Еден блок во РЕК Битола не работи поради пукната цевка, велат од ЕСМ

од Nikola Popovski
196 прегледи

Во текот на изминатиот период, како резултат на направените анализи на пазарот на електрична енергија, направена беше набавка на струја, со поволни цени кои на АД ЕСМ му овозможуваат намалување на трошоците на работа. Токму поради тоа РЕК Битола планирано работеше само со еден блок, известуваат од  АД „Електрани на Северна Македонија“.

Оттаму, појаснуваат дека во текот на вчерашната ноќ, поради пукната цевка, што, како што велат, е честа појава, Блокот со кој работеше РЕК Битола испадна од мрежа.

-Електричната енергија е надоместена од сопствените производствени капацитети и не е направена никаква дополнителна набавка на хавариска струја и не е направен дебаланс на системот како што се шпекулира, велат од ЕСМ.

Од компанијата посочуваат дека веднаш се започнати пуштачки операции за враќање на еден од блоковите на мрежа и денеска во попладневните часови се очекува истиот да биде приклучен.

ВМРО-ДПМНЕ утрово обвини дека синоќа во третиот блок на термоелектраната се случила хаварија по што веќе неколку часа трите блока на РЕК се надвор од мрежата.

Во реакцијата на опозицијата се наведува дека најголемиот производител на електрична енергија во земјава е паднат на колена и наместо да произведува троши скапа струја која е купена од берзите.

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека честите хаварии во битолската електрана се резултат на непрофесионалниот и партиски кадар кој  е вработен од оваа власт.

Слични содржини