Полицајците од Ниш, Србија, фатиле 81-годишник зад воланот на „Рено“ како вози во погрешна насока на автопатот Ниш – Прешево, јавија српските медиуми.
Тој е обвинет за „насилничко возење“ и против него е подигната кривична пријава.
Судија за прекршоци му изрекол затворска казна од 30 дена, парична казна од 120.000 динари (малку повеќе од 1.000 евра), 15 казнени поени и забрана за управување со возило од Б категорија во траење од 9 месеци.