Еден од 20 луѓе го напушта ресторанот без да плати – им се смачува да го чекаат келнерот долго време

од Stefanija Kuzmanovska
573 прегледи

Според студија, еден од 20 посетители во ресторан го напуштил објектот без да плати. Истражување открило дека одредени посетители „прескокнувале“ да ја платат сметката, бидејќи им „се смачило од чекање на келнерот“.

И дополнителни 25 отсто признале дека би размислиле да избегаат од ресторанот, ако треба да чекаат премногу долго за да се издаде сметката и да се наплати услугата. Тоа „подолго“ е се преку 30 минути.

Во истражувањето биле вклучени 2.000 возрасни лица кои посетуваат ресторани, а откриено е дека тие обично ја чекаат сметката девет минути и 57 секунди од моментот кога ќе ја побараат. Затоа, компанијата „Барклејкард“ ја тестираше услугата Dine & Dash во ланецот „Прецо“, што им овозможува на посетителите веднаш да платат сами и да го напуштат ресторанот.

Со други зборови, традиционалната постапка на плаќање на сметките е заобиколена. Извршниот директор на компанијата вели дека „јадењето е нешто што сите со нетрпение го очекуваме, но дека чекањето на сметката станува сè пофрустрирачко“. Ова, вели тој, е иновативно решение што ги отстранува сите пречки за уживање во оброкот.

Исто така, се покажа дека 36 отсто од учесниците во истражувањето веруваат дека чекањето сметка е еден од „најиритирачките фактори“ кога станува збор за јадење надвор. Покрај тоа, 38 отсто би сакале рестораните да преземаат автоматско плаќање преку апликацијата, за да избегнат плаќање во готово или картичка – слично на принципот на Uber.

Всушност, 55 отсто сметаат дека ќе дојде време кога веќе нема да добиваме физичка сметка. Посебно истражување, спроведено на 300 сопственици на ресторани, исто така откри дека 67 отсто се за „невидлива сметка“ со цел да се подобри задоволството на клиентите.

Слични содржини