Еден од главните луѓе на Трамп: Русите не победуваат и мора да разберат една важна работа

од Nikola Popovski
272 прегледи

Специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина, пензионираниот генерал Кит Келог, за „Фокс њуз“ изјави дека Русија не ја добива војната против Украина и дека мора да разбере дека единствениот излез е преку дипломатија.

„Русија нема да ја добие оваа војна. Не постигна никаков поголем напредок во последната година и пол. Не го зазедоа главниот град Киев, не се поместија западно од реката Днепар (што е главната речна пречка), не ја зедоа Одеса“, изјави Келог за „Фокс њуз“, а снимката беше објавена на социјалната мрежа „X“ од поранешниот советник на украинскиот министер за внатрешни работи, Антон Герашченко.

Тој продолжи велејќи дека Русите изгубиле стотици илјади војници и дека всушност воопшто не се поместиле.

„Русија се движи во метри, а не во километри. Украинците се борат на своја почва и се борат жестоко. Значи, кога Русија вели дека победува – не, не победува. Да победуваа, веќе ќе ја добиеа оваа војна… Затоа мислам дека треба да се опуштат и да го сфатат тоа. Мислам дека Украина е во добра позиција“, истакнал Келог.

Тој нагласил дека никој нема да ја добие војната во Украина со воени средства, туку дека тоа ќе се направи преку дипломатија.

„Украинците го сфаќаат ова по минатата недела, а и Русите треба да го сфатат тоа“, потенцирал специјалниот пратеник на Трамп за Украина.

Слични содржини