Еден од капитените ја напушта Барса…и тоа е само почеток

од Vladimir Zorba
355 прегледи

Серхи Роберто ќе ја напушти Барселона на крајот на сезоната. Оваа вест вчера ја пласираа повеќе сигурни извори од Каталонија.

Роберто им порачал на своите агенти да почнат да го бараат неговиот следен клуб, бидејќи повеќе не сака да чека преговори со Барса.

Клубот на крајот на минатата година на Роберто му ја испрати последната понуда во која бара намалување на платата за цели 40% и двегодишен договор, што тој го одбил.

Роберто сакаше договор за најмалку три години, но Барса смета дека сега приоритет се новите потписи со Роналдо Араухо, Гави и Нико Гонзалес, кои се иднината на клубот.

Роберто повеќе би сакал да оди во Премиер лигата, наводно не му е грижа дали тоа ќе биде клуб од средината на табелата, бидејќи смета дека е рано да оди во Катар или МЛС.

Тој е дете на Барса, играше на сите можни позиции, сега е четврти капитен зад Бускетс, Пике и Алба, но дојде време да се збогува.

Роберто има огромна плата од 10 милиони годишно, Барса поради тоа бараше значително намалување, но не беше постигнат договор …

Покрај него, многумина веруваат дека по Роберто ќе следуваат Самуел Умтити, Клемен, Ленгле, Оскар Мингеза, Сержињо Дест, Мартин Брајтвајт, што значи дека ќе се ослободи буџетот за засилувања.

Слични содржини