Еден од најбараните играчи во Премиер лигата уапсен за сексуален напад

од Vladimir Zorba
338 прегледи

Играчот на Брајтон, Ив Бисума беше уапсен во средата навечер во ноќен клуб во Брајтон под сомнение за сексуален напад.

Ниту клубот ниту полицијата не го објавија неговото име, поради законот за заштита на податоците, но „Сан“ доби снимка на која се гледа како 25-годишната sвезда на Брајтон е со лисици на рацете од полицијата откако некој ги викнал да дојдат во ноќниот клуб.

Весникот ја објави информацијата дека се работи за Бисума на насловната страница на денешното издание, а истата ја потврдија и неколку други неофицијални извори.

„Клубот беше полн со студенти и сите беа шокирани кога го видоа таму. Но, уште поголем шок беше кога го видовме со лисици“, рекол еден од сведоците за „The Sun“.

Бисума беше во клубот во друштво на 40-годишен пријател и двајцата беа уапсени и приведени на распит во средата.

„Еден од нашите играчи во моментов соработува со полицијата во истрага за наводниот прекршок. Клубот не може да коментира никакви детали“, официјално објави Брајтон.

Малиецот во моментов е еден од најбараните играчи во Премиер лигата. Одличниот играч за врска е цел на Манчестер Јунајтед и Арсенал, а Ливерпул наводно подготвува понуда од 40 милиони евра за него во зимскиот преоден рок.

Слични содржини