Рускиот милијардер и претприемач Олег Дерипаска поднесе тужба против агенција “Асошиејтед Прес” под обвинение за клевета.

Рускиот милијардер и претприемач Олег Дерипаска поднесе тужба против агенција “Асошиејтед Прес” под обвинение за клевета, соопштува ТАСС. Тужбата беше поднесена во врска со “директни и индиректни апликации”, кои агенцијата ги направила против Дерипаска во месец март оваа година. Според адвокатите кон него биле упатени неосновани обвинувања за “учество во криминална активност и други злосторства”, како дел од “антируската пропаганда во традиционалните американски медиуми”.
Во написот објавен на 22 март, се наведува дека Дерипаска и поранешниот шеф на изборниот штаб на Доналд Трамп – Пол Манафорт работеле заедно пред повеќе од 10 години со цел поставување на интересите на руската влада во САД, а Манафорт дури создал ” амбициозна политичка стратегија за поткопување на анти-руската опозиција во поранешните советски републики “.
Таа вклучувала појавување на влијание во политиката, бизнис потфати и медиумското покривање во САД, Европа, и поранешните членки на СССР во корист на Путин. Според откритијата Манафорт го претставил планот на рускиот алуминиумски магнат, со кого подоцна потпишал договор за 10 милиони долари годишно, почнувајќи од 2006/ТАСС