Еден од обвинетите е во изолација, се одложи судењето за „Меѓународен сојуз“

од Берта Китинска

Судењето за невладината организација „Меѓународен сојуз“ се одложува за 22 септември, поради изолација на еден од обвинетите согласно протоколите за заштита од ковид-19, информираат денеска од Основниот кривичен суд во Скопје.

– Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следата главната расправа за предметот со КОК бр. 49/20 поврзан со организацијата Меѓународен сојуз, ја информираме јавноста дека денешната рaсправа се одлага по добиено известие од Затворската управа дека еден од обвинетите е во изолација согласно протоколите за заштита од ковид-19, информираат денеска од Основниот кривичен суд во Скопје.

За случајот со невладината организација Меѓународниот сојуз, основана од Бојан Јовановски-Боки 13, преку која според обвинението биле измамени бизнисмени за наводни центри за возрасни лица, обвинети се и поранешната пратеничка и висока функционерка на СДСМ, Фросина Ременски, Миле Јовановски, таткото на Боки 13 и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ.

Според обвинението, Јовановски е обвинет за измама и перење пари, Ременски за помагање во делото измама, Мандиќ за помагање во измама и перење пари, а Миле Јовановски за помагање во перење пари и за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје. Како правно лице обвинета е и невладината организација.

 

Слични содржини