Еден од обвинетите во „Титаник“ во изолација, утрешното рочиште се одлага

од Берта Китинска
216 прегледи

Основниот кривичен суд Скопје  информира дека главната расправа за предметот „Титаник“, предвидена за утре, се одлага заради добиено решение за изолација, согласно протоколите за заштита од ковид-19.

Како што се наведува во соопштението, рочиштето за овој случај е презакажено за 22 септември.

Во судењето за најголемиот предмет на СЈО „Титаник“ Покрај Никола Груевски и Билјана Бришковска – Бошковски, за серија кривични дела во врска со изборен криминал во „Титаник“ се обвинети и Мартин Протоѓер, Илија Димовски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Едмонд Темелко, Кирил Божиновски, двајца од Агенцијата за разузнавање: Киро Тодоровски и Мунир Пепиќ, како и уште 11 други обвинети, вработени и членови на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини