Еден од обвинетите за пожарот во Кочани побара да му биде вратен мобилниот, вели дека телефонот е чист и дека немал контакт со другите обвинети

Пензионираниот градежен инспектор Огнен Ѓорѓиев, на денешното рочиште од судскиот процес, истакна дека нема друг мобилен и дека тој цело време го плаќа

од Nikola Popovski
7 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/МИА

Еден од обвинетите за пожарот во дискотеката „Пулс“ побара од Јавното обвинителство да му биде вратен мобилниот телефон. Пензионираниот градежен инспектор Огнен Ѓорѓиев, на денешното рочиште од судскиот процес, истакна дека нема друг мобилен и дека тој цело време го плаќа.

-Во мобилниот телефон е докажано дека нема никакви доказни материјали бидејќи сум немал контакт со никого од обвинетите. Мојот телефон е чист со гаранција и барам да ми го вратат. Ми го одзедоа, се заврши работата и барам да ми биде вратен, кажа Ѓорѓиев од судницата.

Пред два дена, при изјаснувањето, Ѓорѓиев рече дека е невин и не му е јасно зошто е во судница.

-Јас немам врска со ова, јас сум пензионер. Немам никаква вина. Обвинет сум за да не има повеќе на број, изјави еден од многуте обвинети за трагедијата во Кочани.

Слични содржини