Еден од осомничените за убиството на Вања објавувал слики со мачета (ФОТО)

од Nikola Popovski
810 прегледи

Еден од уапсените членови на криминалната група која ја киднапираше и уби Вања Ѓорчевска (14) на социјалните мрежи, веќе претходно објавувал грозоморни фотографии со оружје.

Имено, еден од осомничените, Влатко Кешишев на Фејсбук објавил фотографии на кои позира со мачета во раката, додека на лицето има фантомка.

На сликите бил облечен во маица со старото македонско официјално знаме – сонцето од Кутлеш.

Меѓу неговите пријатели на Фејсбук е и Љупчо Палевски – Палчо, кој беше означен како организатор на киднапирањето, но и убиецот кој со пиштол ја уби Вања Ѓорчевска.

Да потсетиме, телата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски беа пронајдени во неделата, а се претпоставува дека се убиени од истата криминална група.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на прес-конференција ги изнесе деталите за убиството на девојчето.

-Во врска со двата случаи осомничени се пет лица, три лица се во притвор, едно е надвор од државата, а петтото лице, таткото на малолетничката е приведено и извршен е распит со него. Ке бидат преземени мерки по наредба на Обвинителството. Мотивот е личен интерес, при што едно од лицата во договор и со знаење на член на семејството го организирало извршувањето на кривичното дело, со цел да изнуди пари од мајката, за во иднина сите инволвирани да имаат материјална корист, рече Спасовски.

Слични содржини