Во критична состојба е еден од повредените по престрелка во селото Љубош, пшуват повеќе медиуми.
Денеска две лица беа потешко повредени при престрелка во селото Љубош. Престрелката се случила пред деловен објект, по расправија која избила меѓу четири лица, членови на две различни семејства, сите од Батинци.
– Денеска во 13.04 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред деловен објект во с.Љубош бил нарушен јавниот ред и мир помеѓу К.Н. и К.Х., од една страна и Н.Р. и М.Р., од друга, при што било употребено и огнено оружје.Притоа со повреди се здобиле К.Н. и М.Р., кои биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Чеитите лица се обезбедени, како и нивните возиола и оружјето, а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, сопштија од МВР.
Пред старата Градска болница ,,Свети Наум Охридски” денеска беше предизвикан вистински метеж.Болницата беше обезбедуваа од голем број на полициски службеници