Еден отсто од Британците поседуваат четвртина од вкупното богатство на земјата

од Vladimir Zorba
250 прегледи

Само еден процент од британското општество, односно елитата, поседува четвртина од вкупното богатство, покажува најновото истражување на фондацијата „Резолуција“, што укажува на растечка нееднаквост во општеството на Велика Британија.

Само еден процент од населението во моментов поседува скоро 800 милијарди фунти повеќе богатство отколку што покажуваат официјалните статистички податоци на земјата, открива студијата и сугерира дека ова би можело да биде прилично конзервативна проценка, а реалната бројка може да биде уште поголема.

Фондацијата ги повикува властите во Велика Британија да се подготват да го ограничат олеснувањето на данокот на добивка и данокот на наследство.

Исто така се залага за воведување додаток на данок од еден процент на имот вреден повеќе од два милиони фунти. Оваа мерка би ги зголемила шансите на земјата за решавање на проблемот со Ковцид-19, но исто така и на проблемот со стареењето на населението.

„Велика Британија доживеа бум на богатството во последните децении, што продолжи дури и кога заработувачката и приходите стагнираа. Но, официјалните податоци не можат во никој случај да ги регистрираат тие профити и да протекуваат 800 милијарди фунти средства во сопственост на најбогатите домаќинства во Велика Британија“, рече Џек Лесли, економист од Фондацијата.

Тој додаде дека сега е време, со оглед на тоа дека земјата се соочува со деценија на растечки фискални притисоци, Велика Британија да направи подобра работа во однос на оданочување на своето рекордно ниво на богатство преку реформа на капиталните добивки, наследството и даноците на имот, објави „Дејли експрес“.

Слични содржини