Еден пијалок драстично го забрзува стареењето: Ако го пиете редовно, кажете му „збогум“ на младешкиот изглед

од Stefanija Kuzmanovska
440 прегледи

Луѓето ја бараат „фонтаната на младоста“ со векови, а долг, здрав живот со младешки изглед се уште е цел за многумина.

И додека кремите против стареење и другите трикови против стареење можат да помогнат, една од многуте работи кои треба да ги избегнувате доколку не сакате да го забрзате процесот на стареење и појавата на нови брчки е овој пијалок.

Истражувањата покажуваат дека постои еден пијалок кој ве тера да стареете многу побрзо, а ако се откажете од него, можете да си помогнете да го забавите предвременото стареење.

Според истражувачите, нема полош пијалок од зашеќерените газирани пијалоци.

Не само што пиењето на овие пијалоци носи поголем ризик од зголемување на телесната тежина и одредени болести, истражувањата покажуваат дека тие дури и можат да влијаат на телото на клеточно ниво. Сето тоа придонесува за нездраво, побрзо стареење, пишува eatthis.

„Редовното консумирање на газирани сокови засладени со шеќер може да ве изложи на ризик за различни болести како дебелина, срцеви заболувања, дијабетес тип 2 и многу повеќе“, вели д-р Ејми Гудсон.

„Редовното консумирање засладени газирани пијалоци може да влијае на развојот од разни болести, не само со напрегање на метаболичката контрола на телото на шеќер, туку и преку забрзано клеточно стареење на ткивата“, објасни вишиот автор на студијата, д-р Елиса Епел, професор по психијатрија.

Слични содржини