Институтот за јавно здравје соопшти дека тестирани се вкупно 341 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, за 20,5% повеќе во однос на минатата недела (n=283). Регистриран e еден нов позитивeн случај, еден помалку во однос на минатата недела.
Позитивното лице во тековната недела е од Струга.
Во текот на минатата недела (20-26.01.2025), регистрирани се 3 оздравени лица. Во текот на минатата недела (20-26.01.2025), пријавено е едно починато лице асоцирано со КОВИД-19 од Куманово, на возраст над 60 години, вакцинирано против КОВИД-19 со 2 дози на вакцина (последна доза пред повеќе од 3 години). Кај лицето се регистрирани коморбидитети, а е починато во болнички услови.
Во текот на 2025 година, а заклучно со 26.01.2025, регистрирани се вкупно 14 заболени лица. Бројот на заболени лица во месец јануари 2025 година е за 2,3 пати поголем (n=14) во однос на месец декември 2024 (n=6).
Во текот на 2025 година, а заклучно со 26.01.2025, тестирани се вкупно 1.049 материјали, во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2 и во лабораториите/ здравствените установи во кои се спроведува брз антигенски тест.