Еден починат во тешка сообраќајка на патот Штип-Карбинци

од Nikola Popovski
34 прегледи

Синоќа дошло до тешка сообраќајна несреќа кај Штип што резултирала со еден загубен човечки живот. Како што објавија од полицијата, трагедијата се случила десет минути пред полноќ.

-На 09.03.2025 околу 23.50 часот во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот пат Штип – Карбинци, на влез во с.Карбинци, патничко возило „тојота“ со штипски регистарски ознаки, управувано од В.Л.(36) од с.Карбинци, излетал од патот и удрило во бетонски столб. Од здобиените повреди, на местото починал сопатникот М.Т.(34) од Штип,  а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. Со тешки телесни повреди се здобил возачот В.Л., констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Штип, соопштија од Штипската полиција.

 

Слични содржини