Исланд не е една од најпопуларните туристички дестинации. Тој не е убав далечен остров со бели песоци или пак егзотична држава со волшебна историја и култура.
Сепак Исланд има што да понуди на оние кои сакаат да го поминат својот одмор токму на неговата територија.
Луксузниот хотел ION пример, се наоѓа во подножјето на планината Hengill до Националниот парк Thingvellir – на растојание од сите хотели кои се натпреваруваат со него.
До него се стигнува само по час пат од исландската престолнина Рејкјавик, а авангардниот дизајн нема како да не остави впечаток. Друго, со што хотелот се одликува е фактот дека тој е сместен во подножјето на огромен вулкан.
Покрај тоа, тој е опкружен со бројни топли извори, како и се наоѓа во непосредна близина на најголемото езеро во Исланд.Во ION има 46 соби, како и шик спа центар со отворена геотермална хидромасажна када, долга цели 10 метри.
Луксузниот ресторан на хотелот нуди вкусна традиционална храна.Активностите со кои може да се забавувате за време на престојот во Исланд пак се многу: пливање во топли извори, нуркање во езерото Silfra, риболов, јавање, кајакарење, офроуд, глацијални обиколки и рафтинг.
Посетете ја нашата галерија и разгледајте го прекрасниот хотел ION во Исланд, во кој дефинитивно нема да ви биде досадно.