Колумбиската полиција запленила контејнер со илјада килограми кокаин кој бил скриен во компири и замрзнат чипс. Заплената се случила на северниот брег на Карибите.
Кокаинот пристигнал од шпанското пристаниште Картагена. Во потрагата по него учествувале повеќе од педесет луѓе и кучиња трагачи. На видеото се гледа како бел прав излегува од компирот кога полицијата го пресече.
На пакувањето немало рок на употреба
„Ова е можеби најиновативниот случај откриен од трговците со дрога во последниве години. Ќе продолжиме да работиме заедно за да ги најдеме одговорните и да ги идентификуваме оние што стојат зад оваа пратка“, рече началникот на полицијата за борба против наркотици Рикардо Аугусто Аларкон Кампос.
Тој истакна дека компирот и замрзнатиот чипс изгледаат навистина измамнички, но на пакувањето немало рок на употреба. Тоа предизвикало сомнеж.
„Ова било многу скапо бидејќи секоја вреќа мораше да биде откриена и секој замрзнат дел да се провери. Ова ја потврдува нашата посветеност во борбата против трговијата со дрога“, рече Кампос.