Еден тон кокаин запленети во Уругвај

од desk2
226 прегледи

Министерството за внатрешни работи на Уругвај соопшти дека заплени еден тон кокаин.

Дрогата распоредена во 817 пакети била пронајдена во Парке дел Плата, летувалиште во јужниот дел на земјата, околу 55 километри источно од Монтевидео.

Полицијата уапси тројца шверцери на дрога.

Запленувањата на кокаин во Уругвај, кој не е производител на кокаин, станаа сѐ почести во последните години.

Германската полиција во петокот соопшти дека запленила рекордни 4,5 тони кокаин од брод кој пристигнал од Уругвај.

Не е познато дали има поврзаност меѓу двата случаи.

Италијанецот Роко Морабито, познат како „Крал на кокаинот“ уапсен е во Уругвај во 2017 година, но кон крајот на јуни побегна од затвор во Монтевидео и се уште е во бегство.