Едно лице е убиено, а друго тешко рането во напад со нож доцна синоќа во пристанишниот град Ротердам во Холандија.
Напаѓачот е уапсен, соопшти тамошната полиција, додавајќи дека ги истражува причините за нападот кај мостот Еразмус.
Here we go again.
1 dead, 2 injured in Rotterdam in the Netherlands as a knifeman screaming their usual catchphrase of "allahu akbar" attacks the public tonight. pic.twitter.com/yjoZeCJJ3C
— Tommy Robinson 🇬🇧 (@TRobinsonNewEra) September 19, 2024
Мотивот за нападот се уште не е познат, но полицијата „ги разгледува сите можни сценарија“. Идентитетот на жртвите и на осомничениот се уште не се соопштени.
BREAKING:
1 killed & 2 wounded in suspected Islamist terror attack in the Netherlands.
A man armed with 2 large knives started stabbing people at random by the Erasmus Bridge in Rotterdam while shouting “Allahu Akbar”
A personal trainer appeared & beat the attacker unconscious pic.twitter.com/nrQSJbC45s
— Visegrád 24 (@visegrad24) September 19, 2024
Холандски „De Telegraaf“, повикувајќи се на очевидци на местото на настанот, објави дека човек по случаен избор ги нападнал луѓето со два ножа додека извикувал „Алах акбар“ – арапска фраза која значи дека Бог е голем.
Портпаролот на Ротердамската полиција соопштил дека и полицајците слушнале дека човекот ја извикал таа фраза и дека „тоа е дел од истрагата“.