Едно лице е убиено, а двајца се тешко повредени во пукотници во Струга, јави Канал 5.
Според првичните информации, убиството се случило доцна синоќа во населбата Езерски Лозја пред Струга, а во пукотницата биле ранети уште две лица кои биле хоспитализирани. Едниот е префрлен на хирургија во струшката болница, а другиот во специјалната болница за ортопедија „Свети Еразмо“.
Најмалку 11 студенти и професори загинале во тешка сообраќајна несреќа во Турција
Причините за мотивите сѐ уште не се познати, се претпоставува дека пукотниците настанале заради нерасчистени меѓусебни односи помеѓу две страни. Полицијата работи на рсачистување на настанот.
