Вооружен маж синоќа отвори оган од пушка во главната болница во њујоршката општина Бронкс, при тоа убивајќи еден лекари и ранувајќи шест други лица, од кои пет се здобиле со потешки повреди, соопшти полицијата на Њујорк.
Напаѓачот за кого е утврдено дека се вика Хенри Бело е поранешен лекар во оваа болница.
Полицијата подоцна го открила неговото безживотно тело, на кое има траги што укажуваат на обид за самоубиство со самозапалување. Како причина за неговата смрт се наведуваат тешките повреди здобиени од саморанувањето.
Нападот, кој започнал малку пред 15 часот по локално време (21 часот по средноевропско, предизвикал паника во големата болница, која има капацитет за сместување на илјада пациенти.
Еден од вработените на социјаните мрежи објави дека лекарите и другиот медицински персонал веднаш се забарикадирале кога слушнале истрели од огнено оружје, блокирајќи ги влезовите во разните оддели на болницата.
Градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио изјави дека не станува збор за терористички напад, туку дека инцидентот е повеќе поврзан со проблеми околу вработувањето и работното место.
Де Бласио соопштил дека лекарите во болницата се борат за животите на тешко ранетите жртви во нападот.
Напаѓачот работел како матичен лекар во болницата до 2015 година, кога си дал отказ.
Претставник на њујоршката полиција објасни дека напаѓачот Бело (45) влегол во зградата на болницата облечен во лекарски мантил, под кој го криел пушка марка М16.
Нападот започнал на 16-от кат на болницата, а потоа продолжил еден кат погоре, каде и настрадале сите жртви.
Болницата во њујоршки Бронкс е приватна непрофитна здравствена установа, што постои 120 години.