Еден загинат и 12 повредени во сообраќајки вчера во Скопје

од desk4
96 прегледи

Едно лице загинало во една од вкупно 19 сообраќајки регистрирани во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во седум незгоди биле полесно повредени 12 лица, а во 11 била причинета материјална штета.

Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Триесет и двајца возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, двајца поминале на крстосница на црвено светло и двајца возачи за неправилно престигнување. Од сообраќај биле исклучени четворица возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и четворица возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, како и пет возила со истечена важност на сообраќајната дозвола и едно технички неисправно возило. Затекнати биле 130 непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 86 возила.