Еден загинат и еден тешко повреден македонски државјанин во тешка сообраќајка во Хрватска

од Nikola Popovski
465 прегледи

Македонски државјанин загинал во тешка сообраќајна несреќа на автопатот А3 во Хрватска, а уште еден е тешко повреден, пишуваат хрватските медиуми. Според тамошната полиција, починатиот (51) бил на совозачкото место во автомобил со италијански регистарски таблички.

Како што пренесува „24 сата“, сообраќајката се случила во текот на вчерашниот ден околу 19 часот и 10 минути.

Повредениот е исто така македонски државјанин. Се дознава дека автомобилот излетал од автопатот на релација Брегана-Липовац.

Се истакнува дека увидот на полицијата е во тек и сите околности поврзани со несреќата и причината за слетувањето од коловозот ќе бидат познати по завршување на истрагата.

Засега не е објавен идентитетот на двајцата македонски државјани.

Слични содржини