325
Еден загинат и еден повреден и билансот од синоќешната сообраќајка која се случи во 21:45 часот на магистралниот пат А4 Струмица-Ново Село, на излезот од селото Дабиле кон Босилово.
Според информацијата од СВР Струмица, во несреќата учествувале автомобили „фиат“, упоравуван од Р.М.(31) од село Костурино и „мерцедес“ управуван од А.Ѓ.(47) од село Бориево и двата со струмички регистарски таблички.
Од здобиените повреди во несреќата починал возачот А.Ѓ.. Смртта ја констатирал лекар од Медицинскиот центар Струмица, а возачот Р.М. бил повреден.
Увид на местото на сообраќајката извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и увидна екипа од Полициската станица Струмица.