Еден загинат во тешка сообраќајна несреќа во Куманово

од Nikola Popovski

СВР Куманово објави дека вчера околу 13.30 часот била пријавена тешка сообраќајна несреќа, која се случила на булеварот Трета македонска ударна бригада.

Според полицијата, автомобил „форд фиеста“, со кумановска регистрација, управуван од 70-годишниот М.П, удрил во паркиран автомобил „сеат толедо“, со кумановски регистарски ознаки и во Т.М.(34), А.Љ.(50) и А.Х.(48), сите од Куманово, кои влегувале во возилото.

-Тројцата биле пренесени во општата кумановска болница, каде што на Т.М. и А.Љ. им биле констатирани телесни повреди, а А.Х. им подлегнал на повредите. Кумановската полиција извршила увид на местото на незгодата заедно со Јавен обвинител,

Слични содржини