373
Едно лице загинало во тешка сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип-Кочани во близина на клучката кај Крупиште денеска околу 13:00 часот.
Според информациите, сударот бил меѓу две товарни возила.
На лице место е починат 62 годишен возач од Велес, кој управувал со „пикап“ со скопски регистерски таблички.
Увидот од страна на полицијата и обвинител се уште трае, а сообраќајот на експресниот пат Штип-Кочани е во прекин.