Менаџерот на Њукасл, Еди Хау, е оптимист дека тимот ќе стави крај на 70-годишната суша и ќе го освои Лига купот во недела, и покрај тоа што недостасуваат тројца клучни играчи за пресметката на „Вембли“ против Ливерпул.
Дефанзивците Свен Ботман и Луис Хол се а повредиут поради, додека крилото Ентони Гордон одлежува суспензија поради црвен картон.
„Сите други играчи се на располагање. Да се загубат толку важни играчи никогаш не е лесно, но мораме да останеме обединети“, рече Хау на прес-конференцијата пред натпреварот.
„Овие недостатоци ќе треба да ги надоместиме со двојно подобро претставување во нашите силни квалитети. Еден од нив е нашиот колектив. Расположението во тимот е одлично и победата над Вест Хем во понеделникот беше многу важна во овој поглед. Нашиот став е позитивен“, додаде тренерот на „страчките“.
„Кога го гледам составот, секогаш морам да одлучам за одредени позиции. Го гледаме и противникот и одлучуваме која тактика е најдобро да ја избереме. Нашиот состав не е толку широк, па нашите опции се ограничени“, додаде Хау.
Пред две години Њукасл повторно стигна до финалето на Лига купот, но загуби со 0:2 од Манчестер Јунајтед.
„Тешко ми е да кажам што научивме од тој натпревар. Но, мислам дека сега сме поподготвени за големи натпревари. Тоа е веројатно најголемата разлика и ова искуство што веќе го имаме, се надевам дека ќе ни помогне. Во повеќето вакви натпревари успеваме да бидеме на високо ниво. Ќе биде многу важно да ја прикажеме нашата игра со и без топката. Сакаме да ја завршиме оваа суша без трофеј. Ова е шанса да ги оставиме нашите имиња во историјата и да бидеме запаметени позитивно“, заврши Еди Хау.