Еди Марфи се враќа на стенд-ап комедијата

од Vlatko K
181 прегледи

Американскиот актер и продуцент Еди Марфи сака да се врати на стенд-ап комедијата.

Тој го најави ова во шоуто „Comedians in Cars Getting Coffee“ на Џери Сијнфелд.

„Сакам повторно да го направам тоа“, призна „Полицаецот од Беверли Хилс“.

„Сè мора да се испланира правилно пред да учествувам во комичарскиот клуб.

Морам да тренирам“, објасни Еди Марфи.

Актерот раскажа дека е радосен што ќе се врати на големиот екран како принцот Али во вториот  дел од филмот „Coming to America“.

Тој, исто така, не ја губи надежта дека некогаш ќе добие Оскар.

„Ако не ми дадат награда за улога, тогаш ќе морам да живеам до 90 години.

Мислам дека можам, имам добро здравје.

Тогаш тие ќе мора да ми дадат „Оскар“ за целосен придонес“, прокоментира комичарот и омилен актер на луѓето ширум светот.